Ѓердапска КлисураЃердапска Клисура (романски: Porţile de Fier, унгарски: Vaskapu, словачки: Železné vráta, турски: Demirkapi, германски: Eisernes Tor, бугарски: Железни врата) – најдолга и најголема клисура во Европа. Формира дел од границата меѓу Романија и Србија, при што Романија е северно, а Србија јужно. Клисурата е национален парк од двете страни, од романската страна е националниот парк Железна врата, а од српската страна националниот парк Ѓердап. Назив на клисуратаРоманскиот, унгарскиот, словачкиот, турскиот, германскиот и бугарскиот назив имаат значење железна врата, додека на бившојугословенските простори е позната како Ѓердапска Клисура или само Ѓердап. Котлини и клисури во Ѓердапската КлисураЃердапската клисура претставува композитна (ја сочинуваат наизменично 4 котлини и 4 клисури), антесцедентна (засекувањето на коритото одело паралелно со тектонските поместувања) долина и изгледа вака:
Во клисурата има археолошки наоѓалишта и културно-историски споменици, како што се населбите Лепенски Вир, Голубачки Град, остатоци од Трајановиот мост, Трајановата плоча, како и разни сочувани примери на народната словенска архитектура. Акумулација![]() Во 1964 година почната е изградба на хидроелектрана за која цел е направена брана на излезот од клисурата. Ова довело до подигање на нивото на водата и потопување на речниот остров Ада Кале. Акумулацијата се нарекува Ѓердапско Езеро. Галерија
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia