Ѕвегорски манастир
Ѕвегорски манастир — манастир во областа Пијанец, во источниот дел на Македонија. Манастирот се наоѓа на западните падини на планината Влаина, по течението на реката Ѕвегор, покрај магистралниот пат кој води кон границата со Бугарија. ИсторијаМанастирот е изграден во 1991 година, кога била завршена и осветена манастирската црква.[1] ГрадбиВо склоп на манастирот влегуваат црква, параклис и конак. Во дворот на манастирот има долга празнична маса, фонтана, како и камен крст. Конакот е изграден од камен и е на два ката, од кои на вториот има голема тераса. На неговиот преден ѕид има мозаик на кој е прикажана картата на Обединета Македонија. Параклисот е сместен на височинка над манастирот, а во него има слика на Свети Георги и молитва. Црква „Св. Илија“Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 2 август 1990 година, а истата била изградена следната година и осветена на 15 септември 1991 година од страна на тогашниот Митрополитот Брегалнички г. Стефан. Храмот не е зографисан.[1] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia