Ѕвездена терезија
„Ѕвездена терезија“ — збирка поезија од македонскиот писател Влада Урошевиќ. Книгата е издадена во април, 1973 година од Заедницата за издавачка дејност НИП „Нова Македонија“. Таа била испечатена во печатницата „Нова Македонија“ во тираж од 1500 примероци, а уредник бил Бранко Заревски. Ликовните прилози биле на Глигор Чемерски, а ликовно и графичко обликување на Ристо Калчевски.[1] СодржинаЗбирката содржи 5 циклуси:
Осврт кон делото„ Во светот на поезијата во кој живее, Влада Урошевиќ, ги бара неговите многубројни слоеви, во него се мешаат времињата, се мешаат сонот и стварноста, свеста и потсвеста. Неговото око не се задоволува со површината на пејсажот, тоа е микроскопски загледано во материјата, телескопски упатено во просторот. Неговото љубопитство е широко и постојано го менува предметот и аголот на посматрањето, но интензитетот на интересирањето е непроменет, за секој предмет, за секој детаљ, за секој феномен, од кои се открива цел еден космос. Во неговата поезија сонот ја предизвикува тајната, науката се нурка во сонот. Иреалното и ирационалното зрачат од некое длабоко запретано рационално јадро. Ѕвездите се светови кон кои науката се стреми, но за кои утврдуваме дека одамна живееле во сонот и имагинацијата, јаболкото го раскажува создавањето на светот, во семката 'ртат нови светови, нови соѕвездија, сиот космос. Кругот на постоење се повторува, тој е недосеглив и величенствен, но постојано го буди, го крева, го поттикнува љубопитството на духот, ризикот на барањето, радоста на откривањето. Ѕвездената терезија ни го открива ова, ни го потврдува. Рано поттикнат од авантурата на детските приказни, од лектирата на книжевната и научната фантастика и од многубројното надреалистичко искуство, Влада Урошевиќ длабоко се нурнува во алхемијата на зборовите и од спојот на обичните зборови, секојдневни, извлечени од некој весник, од некој заборавен учебник или од некоја научна книга, тој ни соопштува необични и неочекувани слики и сознанија во кои стварноста и сонот се исклучуваат, се оддалечуваат, се доближуваат, се мешаат во нови знаци и нови значења. Кај Влада Урошевиќ стварноста лебди во воздухот, а фантастиката чекори по земјата. Во една своја песна од Ѕвездената терезија тој вели дека спијачите спијат а сонуваат само сонувачите. СО тоа тој посегнува по јадрото на уметноста, на творештвото. Зошто сонувачите, тоа се творците. Тие се истражувачи, визионери и градители на поезијата. Таков истражувач, пронаоѓач и градител е Влада Урошевиќ, еден од ретките во македонската литература. Со неговите стихови во нашата поезија зачекоруваат нови предели, нови светови, нови соѕвездија. Сето тоа одамна било во нас и околу нас, во животот и во сонот на современикот, но видливо само за него.“ - напишал Матеја Матевски во предговорот на поетската книга Ѕвездена терезија во декември, 1972.[2] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia