Ѕвездено здружениеЅвездено здружение (ѕвездена асоцијација) — мошне разредено ѕвездено јато со 10 до 100 или повеќе ѕвезди кои имаат заедничко потекло, но станале гравитациски и се движат заедно низ вселената. Се препознаваат по тоа што ѕвездите имаат заеднички вектор на движење и иста старост. Хемискиот состав исто така има улога. Првпат се откриени од ерменскиот астроном Виктор Амбарѕумјан во 1947 г.[1] Обично ги носат имињата (или скратениците) на соѕвездијата во кои се наоѓаат; видот на здружението, а понекогаш и бројчена ознака. ВидовиАмбарѕумјан ги категоризирал ѕвездените здруженија во две групи: OB и T, во зависност од својствата на нивните везди.[1] Подоцна канадскиот астроном Сидни ван ден Берг ја вовел третата категорија R за здруженијата кои осветлуваат отсјајни маглини.[2] Здруженијата OB, T и R образуваат континуум од групи на млади ѕвезди. Засега не е познато дали станува збор за развојна низа, или пак последица од некој друг чинител.[3] Некои групи имаат својства и од OB и од T, па затоа категоризацијата не е секогаш совршена. OB-здруженијаМладите здруженија опфаќаат по 10–100 масивни ѕвезди од спектралните класи O и B, и се нарекуваат OB-здруженија. Се смета дека се образуваат во еден мал простор во џиновски молекуларен облак. Откако ќе се оддуваат прашината и гасот во околината, преостанатите ѕвезди ја губат врската и почнуваат да се оддалечуваат една од друга.[4] Се верува дека највеќето ѕвезди во Млечниот Пат настанале во OB-здруженија.[4] Ѕвездите од класата O се кратковечни и се претвораат во супернови по околу милион години. Поради ова, OB-здруженијата се стари највеќе до неколку милиони години. Ѕвездите во нив целосно согоруваат во рок од 10 милиони години. (За разлика од тоа, нашето Сонце е старо 5 милијарди години.) Со сателитот „Хипаркос“ се утврдени дузина OB-здруженија во досег од 650 парсеци од Сонцето.[5] Најблиското OB-здружение е Скорпија–Кентаур, located about 400 сг од Сонцето.[6] OB-здруженијата се среќаваат и во Големиот Магеланов Облак и галаксијата Андромеда. Овие се доста ретки, протегајќи се во пречник од 1.500 сг.[7] T-здруженијаМладите ѕвездени групи може да содржат извесен број неразвиени ѕвезди од типот T Бик кои сè уште се во фаза на навлегување во главната низа. Овие проретчени населенија бројат до илјада ѕвезди и се познати како T-здруженија. Најблискиот пример е здружението Бик-Кочијаш T, на растојание од 140 парсеци од Сонцето.[8] Други примери се здруженијата R Јужна Круна, Волк T, Камелеон T и Едро T. T-здруженијата честопати се среќаваат во близина намолекуларниот облак од којшто потекнале. Некои имаат и ѕвезди од класата O-B. Имаат иста старост, исто потекло и ист хемиски состав, ист замав и ист правец на брзинскиот вектор. R-здруженијаЅвездените здруженија што ги осветлуваат отсјајните маглини се нарекуваат R-здруженија — име кое им го дал Сидни ван дер Берг откако открил дека ѕвездите во овие маглини имаат нерамномерна распределеност.[2] Младите ѕвездени групи опфаќаат ѕвезди од главната низа кои не се доволно масивни за да ги растераат меѓуѕвездените облаци во кои настанале.[3] Ова им дава прилика на астрономите да ги испитаат својствата на околниот темен облак. Бидејќи R-здруженијата се побројни од OB-здруженијата, можат да се употребат за исцртување на структурата на галактички спирални краци.[9] Пример за R-здружение е Еднорог R2, сместен 830 ± 50 парсеци од Сонцето.[3] Познати здруженијаПодвижната група во Голема Мечка е еден пример за ѕвездено здружение. (Освен α Голема Мечка и η Голема Мечка, сите ѕвезди во Плуг/Голема Кола се дел од таа група.) Други млади подвижни групи се:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia