Јазична типологијаЈазична типологија (лингвистичка типологија) — дисциплина на лингвистиката која ги проучува и класифицира јазиците според нивните структурни особености. Главната цел на јазичната типологија е да ги опише и објасни заедничките особености и структурните различности меѓу светските јазици. Јазичната типологија е составена од три дисциплини: квалитативна типологија, квантитативна типологија и теоретска типологија. Квалитативната типологија се занимава со споредбата на јазиците/ дијалектите, квантитативната типологија се занимава со проучување на распространетоста на структурните особености на јазиците и теоретската типологија се занимава со објаснување на овие распространетости. Квалитативна типологијаКвалитативната типологија развива крос-јазични видови кои овозможуваат рамки во кои се опишуваат и споредуваат поедини јазици. Типолошки системиЗбороредОсновните зборореди кај јазиците се:
Морфосинтактичко порамнувањеДруга честа класификација ги дели јазиците на номинативно-акузативни јазици од една страна и ергативно-апсолутивни јазици од другата страна. Кај јазици со падежи, поделбата зависи од тоа дали подметот од непредниот глагол е во ист падеж со агенсот или пациенсот на преодниот глагол. Ако јазикот нема падежи, тогаш тоа се одредува според тоа дали подметот на непреодниот глагол се појавува на иста страна со агенсот или пациенсот на преодниот глагол. Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia