Јапонски железници![]() ![]() Јапонски железници (јапонски: JRグループ; мктр. џејару гурупу) — претпријатие од седум здружени членки — наследнички на државното претпријатие „Јапонски национални железници“, приватизирано во 1987 г. Групацијата раководи со главнината на железничката мрежа во Јапонија, со голем дел од меѓуградскиот сообраќај (вклучувајќи ги големобрзинските линии на „Шинкансен“) и градскиот сообраќај во рамките на поединечни населени места. Претпријатија„Јапонски железници“ се состои од:
Постојат:
За разлика од други групи, „Јапонски железници“ се сочинети од независни претпријатија кои немаат главна дирекција или холдинг со централна управа. Шесте патнички превозници се поделени по подрачја и сообраќаат во тие граници, со исклучок на извесни далекусежни линии. Таква е линијата на возот „Ширасаги“ помеѓу Нагоја и Тојама, која вози со состав на Западнојапонските железници, но помеѓу Нагоја и Мајбара добива нов екипаж од Среднојапонските железници, како сопственик на тој дел од пругата. Со превоз на стоки и суровини се занимава Јапонско товарно железничко претпријатие. Покрај ова, групацијата има и две претпријатија со помошна улога кои не стопанисуваат со возови: Институтот за истражување на железничка техника[1] и „Железнички информатички системи“.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia