Јас Марина (патека)
Патеката Јас Марина (арапски: حلبة مرسى ياس) — дом на Големата награда на Абу Даби. Кружницата била дизајнирана од Херман Тилке,[2][3] и се наоѓа на островот Јас, на околу 30 минути од главниот град на ОАЕ, Абу Даби. Јас Марина е втора патека во Формула 1 на Блискиот Исток, а првата е во Бахреин. За службено отворање на патеката бил одржан дводневен тест на Серијата Азија на ГП2, кој бил одржан една недела пред Големата награда на Абу Даби во 2009 година.[4] Исто така, била домаќин на настанот за отворање на австралиските серии V8 Суперкарс , Јас V8 400, во февруари 2010 година.[5][6] Надвор од моторспорт, кружницата била искористена за последната фаза од воведната велосипедска трка на Трката Абу Даби во 2015 година.[7] Пистата има дозвола од прв степен на ФИА.[8] Дизајн![]() Дваесет и еден свиок се превиткува преку островот Јас во близина на брегот на Абу Даби,[9] поминувајќи го пристаништето и преку Yas Hotel Abu Dhabi дизајниран од страна на архитектите со седиште во Њујорк, Хани Рашид и Лиз Ен Кутур на Asymptote Architecture со впечатлив фасадно-осветлувачки дизајн на Рохиер фан дер Хејде, и терајќи се низ неколку долги правци и тесни агли. Пристанишно заснованиот развој вклучува забавен парк, воден парк, како и станбени површини, хотели и плажи. Колото има пет трибински места (Главна трибина, Западна трибина, Северна трибина, Јужна трибина и Пристанишна тривина (наречена и Поддршна)) и дел од нејзиниот излез на питната линија водејќи под патеката. Исто така, сместена е и екипната зграда зад питната зградата, медија центар, патеката за на право и ВИП кулата.[10] Дополнително, една од површините со втор круг води под Западната трибина. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia