Јеменски ријал
Јеменскиот ријал (арап. ريال يمني) ― службена валута на Република Јемен. Технички е поделен на 100 фили, иако монетите деноминирани во филови не се издадени од обединувањето на Јемен. Поради тековната политичка нестабилност, вредноста на јеменскиот ријал продолжува да паѓа. Граѓанската војна во Јемен предизвика разминување на валутата. Во јужен Јемен, кој е првенствено контролиран од сепаратистите поддржани од ОАЕ и од поранешната влада поддржана од Саудиска Арабија, тековното печатење предизвикал пад на валутата кон слободен пад. Во северен Јемен, кој е првенствено контролиран од Ансар Алах со поддршка од Иран, банкнотите отпечатени по 2017 година не се сметаат за законско средство за плаќање, и затоа, девизниот курс останал стабилен.[2] Разликите во банкнотите отпечатени пред и по 2017 година може да се утврдат според нивната големина. ИсторијаВо 18 и 19 век, ријалот традиционално се поврзувал со талерот на Марија Тереза, валута која била широко користена во Јемен поради трговијата со кафето Мока со Французите, и јеменското барање неговите производи да се платат со талери.[3] Како што напредувал Јемен, тој развил своја законска валута. По обединувањето помеѓу Северот (Јеменската Арапска Република) и Југот (Народна Демократска Република Јемен) во 1990 година, и северниот и јужниот динар останале законско средство за плаќање за време на преодниот период, при што 1 динар бил заменет за 26 ријали. На 11 јуни 1996 година, динарот бил повлечен од оптек. Во 1993 година биле издадени првите монети за Република Јемен. Вредноста на јеменскиот ријал во однос на долар на Соединетите Држави значително се намалил, во споредба со 12,01 ријал за долар на почетокот на 1990-тите. Од средината на 1990-тите, јеменскиот риал е слободно конвертибилен. Иако оттогаш падна од 20 ЈЕР на приближно 215 ЈЕР во однос на доларот, ријалот е стабилен веќе неколку години. Сепак, од 2010 година Централната банка на Јемен морала да интервенира многу пати, што резултирало со сериозен пад на девизните резерви. До крајот на 2013 година, Единицата за економско разузнавање очекува резервите да се намалат на приближно 1,3 месеци увоз во текот на следните години, и покрај информациите дека Саудиска Арабија ќе и пренесе 1 милијарда долари на Јеменската централна банка.[4][5] Поради војната, курсот на јеменскиот ријал се движел помеѓу 470 и 500 јеменски риали за 1 долар на САД. МонетиКога се обединил Јемен, во Северен Јемен биле издадени монети во апоени од 1, 5, 10, 25 и 50 фили и 1 ријал. Деноминациите на филовите исчезнале од оптек. Во 1993 година, Централната банка на Јемен вовела нови монети во апоени од 1 и 5 ријали. По нив следеле монетите од 10 ријали во 1995 година и 20 ријали во 2004 година.
БанкнотиВо времето на обединувањето, банкнотите на Централната банка на Јемен биле во оптек од 1, 5, 10, 20, 50 и 100 ријали. Во 1993 година, банкнотите од 1 и 5 ријали биле заменети со монети, а истото се случило и со банкнотите од 10 ријали во 1995 година. Во 1996 година биле воведени банкнотите од 200 ријали, потоа 500 ријали во 1997 година и 1000 ријали во 1998 година. Банкнотите од 20 ријали биле заменети со монети во 2004 година. Покрај тоа, на 14 ноември 2009 година била издадена банкнота од 250 ријал.[6][7] Во 2017 година, Централната банка на Јемен, сега преместена во Аден, нејзиниот привремен главен град поради граѓанската војна, издала банкноти од 500 и 1.000 ријали со ревидирани безбедносни особености и различни димензии. Во 2018 година, Централната банка на Јемен повторно ја вовела банкнотата од 200 ријали и издала нова банкнота од 100 ријали.
ПоврзаноНаводи
ИзвориНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia