Јованка Орлеанка (опера)
Јованка Орлеанка — опера, во три чина со пролог на Џузепе Верди. Темистокле Солер според драмата Девицата од Орлеан од Фридрих фон Шилер. Премиера15 февруари 1845 година, Милано. Ликови и улогиШарл VII, француски крал - тенор кралски офицери, жители на Ремс, француски и англиски војници, добри и зли духови, благородништво, гласници, пажеви, девојки, претставници, селани, витези, дами (хор). Место и времеДом-Реми и Ремс во XV век, за време на Стогодишната војна. СодржинаПролог
Голема сала во замокот Дом-Реми. Кралот Шарл им кажува на селаните и офицерите за сон во кој видел светилиште и во кој му било кажано да ги посвети својот меч и шлем на Дева Марија. Селаните веруваат дека тоа место е опседнато од зли духови.
Шума. Јованка се моли пред ликот на Богородица. Таа се гледа себеси растргната помеѓу земните и небесните сили на љубовта и верува дека го слуша повикот да ја ослободи Франција. Таа го охрабрува кралот и покажува одлучност да го следи. Нејзиниот татко, кој го слушнал тој разговор, се откажува од неа. I чин
Англиски камп во околината на Ремс. Англиските војници слушнале за небесниот повик на Јованка и се плашат од претстојната битка. Нејзиниот татко сака да му се одмазди на Шарл, за кого верува дека ја завел неговата ќерка и е подготвен да ја предаде на англиската војска.
Градината во кралската палата во Ремс. Јованка по победата над Англичаните сака да си оди дома и да се врати на едноставниот живот. Шарл ѝ изјавува љубов и бара од неа да го круниса. Јованка се плаши дека земната љубов ќе биде посилна од небесната. II чинПлоштад пред катедралата во Ремс. Додека народот ја слави Јованка, нејзиниот татко ја обвинува за вештерство, а Шарл за богохулење. Мислејќи дека навистина е виновна, Јованка не се брани. Народот бара таа да биде избркана и Јакоб да ја предаде на Англичаните. III чинАнглиска тврдина, недалеку од бојното поле. Во затворот Јованка моли да биде ослободена и Небесните сили да ѝ простат, за повторно да ја предводи француската војска. Јакоб сфаќа дека неговата ќерка е невина и ја ослободува. Јованка ја извојува победата и го спасува Шарл, но и самата е смртно ранета. Сите ја оплакуваат Јованка, која ѝ се предава на Богородица, како што тоа го сторила и во шумата кај Дом-Реми. Познати музички нумери
Надворешни врскиЛибрето
|
Portal di Ensiklopedia Dunia