Јован Владислав![]() Јован Владислав или Иван Владислав — македонски цар на Самоиловото Царство од 1015 до 1018 година.[1] Тој е син е на Арон, братот на Самуил. Кога Самоил наредува да се убие целото семејство на Арон, по инсистирање на Гаврил Радомир, Јован Владислав е единствениот што е поштеден. На чело на Самоиловото Царство доаѓа откако во август 1015 година при лов подмолно го убива тогашниот владетел Гаврил Радомир. Според Јован Скилица, при тоа ја земa за жена женатa на Гаврил Радомир, Ирина Лариска, и го ослепува нивниот најстар син. Покрај тоа, гледајќи претендент за престолот во Самоиловиот зет и владетел на Дукља, Јован Владимир, го намамува да дојде во Преспа и наредува подмолно да се убие на 22 мај 1016 година. Иако Владислав номинално ја признал власта на Византија, набргу дошло до разидување меѓу двата владетели и војската на Василиј II во 1016 година ја пустоши Пелагонија, ги опседнува Струмица и Перник и освојува неколку тврдини. Во февруари 1018 Joван Владислав бил убиен при опсадата на Драч, а неговата вдовица Ирина Лариска, со децата и соработниците им се предале на Василиј II. Со тоа Државата на Самуил престанала да постои. Во Бугарија Јован Владислав се смета за бугарски цар. Натписот на Јован Владислав![]() Натпис врз плочата на цар Јован Владислав, според читањето на Заимов, кое не е општо прифатено, бидејќи тие реставрираат 13ти ред од текстот (кој воопшто не постои,а кој со последните истражувања на Костиќ и Веленис докажано е дека таков 13 најгорен ред на плочата воопшто не ни можел да постои)[2], како и целиот оштетен дел. Мошин иако се согласува со датирањето (тој напоменува дека годината е излижана од натписот)[3], тој не се согласува со презентираниот текст од Заимови и има објавено свое дешифрирање на овој текст. Хорас Лант[4] дури ги критикува за нивниот наивен пристап, со кој тие сакаат да прикажат што сакаат да видат на плочата, а не што навистина е напишано. Роберт Матисен исто така, го критикува нивниот пристап кон овој натпис и ја поткрепува тезата на Хорас Лант дека, датирањето е сепак 13 век.[5]. Овој измислен текст од страна на Заимови би требало да гласи:
Според професорот Хораце Лунт од универзитетот Харвард, таа е од времето на бугарскиот цар Иван Асен II, околу 1230 година. Натписот се чува во Историскиот музеј во Битола. Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia