Јован Довезенски
Јован Станојков (иќ) - Довезенски (8 април 1871 - 2 мај 1935) — србомански деец и еден од првите војводи на Српскиот комитет на четничката акција во Македонија. Животопис![]() Тој е роден во селото Довезенце во близината на Куманово. Основно училиште учел во манастир на старословенски. Потоа заминал за Србија и учел во гимназија, меѓутоа поради немање на пари морал да ја напушти, по што завршил богословско-учителска школа. Бил учител во родниот крај. Во 1904 година се приклучил на Српскиот комитет на четничката акција. Довезенски бил меѓу првите српски војводи во Македонија и од тука имал силен авторитет меѓу четниците и војводите. Тој ја создал српската тајна организација од левата страна на реката Вардар. Учествувал во Балканските војни и Првата светска војна Умира во 1935 година. Погребан е во Куманово. Во Белград по Јован Довезенски е именува една улица .[1][2] ![]() Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia