Јонас Кинде
Јонас Кинде (роден на 7 мај 1980 година) е спортист атлетичар, по потекло од Етиопија, но сега живее и тренира во Луксембург. Тој бил избран од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреварува за Олимпискиот тим за бегалци на Летните олимписки игри 2016 година во Рио де Жанеиро, Бразил. Негов тренер е Ив Голди. Јонас го истрчал својот најбрз маратон со време од 2 часа и 17 минути. Личен животЈонас потекнува од Етиопија. Тој живее во Луксембург од 2012 година, а под меѓународна заштита во Луксембург е од 2013 година.[1] Јонас зборува француски, англиски, луксембуршки и амхарски. Работи како терапевт за масажа.[2][3][4] Атлетска кариераЈонас почнал да трча во Етиопија како тинејџер, главно во крос-кантри, 10.000 метри и полумаратони, на крајот напредувајќи до целосниот маратон. За време на неговата релативно кратка тркачка кариера во Европа, додека тренер му бил Ив Голди, има освоено неколку титули во Луксембург, Франција и Германија.[5] Во Франкфурт, Германија, тој го постигнал својот личен максимум во 2015 година за 2 часа и 17 минути. Поради неговиот статус на бегалец, на Јонас не му е дозволено да се натпреварува на меѓународни натпревари, и покрај тоа што бил доволно брз за да се квалификува.[се бара извор] На 3 јули 2016 година, МОК објави дека Јонас ќе биде дел од тимот од десет спортисти избрани да се натпреваруваат како тим за олимписки спортисти бегалци на Летните олимписки игри 2016 година во Рио де Жанеиро, Бразил.[6] Јонас трчал на маратон за мажи.[7] Натпревари
Лични рекорди
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia