Јоргос Каминис
Јоргос Каминис (грчки: Γιώργος Καμίνης) е грчки професор по уставно право и градоначалник на Атина по одржаните колални избори на 15 ноември 2010 година. Тој бил грчки народен правобранител од април 2003 до септември 2010 година. Јоргос Каминис е роден на 15 јули 1954 година во Њујорк[3]. Судирал на Правниот факултет во Атина, каде истиот го завршил во 1980 година. Во 1991 година бил избран за асистент на Атинскиот универзитет, за да во 1998 година стане и доцент.[1][4]. На локалните избори кои се одржале во ноември 2010 година бил избран за градоначалник на Атина по вториот круг од гласањето[5] , како кандидат на владејачката ПАСОК. Тојосвоил 52% од гласовите, победувајќи го Никитас Какламанис од Нова демократија. Тоа била првата победа на ПАСОК по дваесет години во престолнината на Грција, Атина[6]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia