Јордан Митев
Јордан Митев (Радовиш, 13 август 1986) — македонски пејач на фолк музика. ЖивотописМитев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти". Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари. Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од којшто Митев собрал големо искуство. Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор. Во 2015 година направи голем солистички концерт по повод 10 години јубилеј, во придружба на Група Академци. Тој чест гостин е во "Мерак Меана" на Сител-телевизија, настапува и со Група Скопски Боеми. Како автор досега има напишано доста голем број композиции коишто некои од нив се наградувани во Македонија.[1][2][3] Спотови
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia