Јулија или новата Елоиза
Јулија или новата Елоиза (француски: Julie, ou la nouvelle Héloïse) — епистоларен роман од францускиот филозоф Жан-Жак Русо издаден во 1761 од страна на Марк-Мишел Реј во Амстердам. Оригиналниот наслов на делото бил Писма од двајца заљубени кои живеат во мал град на Алпските падини. Романот на суптилен начин ја раскажува приказната на Елоиза и Пјер Абелар, средновековна христијанска легенда за љубовта и откажувањето. Книгата била поставена на Индекс на забранетите книги од страна на католичката црква. Иако Русо го напишал како роман, филозофската теорија за автентичното провејува низ него, бидејќи писателот ги истражува автономијата и автентичноста како морални вредности. Заедничко толкување е дека Русо ја вреднувал етиката на автентичноста преку рационално морални принципи, како што тој го илустрира принципот дека треба да се направи она што е наметнато од општеството само доколку тоа е во склад со личните „тајни принципи“ и чувства, кои се составен на сопствениот идентитет. Неавтентичното однесување би отворило пат кон самоуништување. Филозофот Артур Шопенхауер го прогласил Јулија или новата Елоиза за еден од четирите најдобри романи на сите времиња, заедно со Тристрам Шенди, Вилхелм Мајстер, и Дон Кихот.[1] Според историчарот Роберт Дарнтон, Јулија бил веројатно најпродаваниот роман на 18. век. Издавачите не стигале да испечатат доволен број примероци, и затоа ги позајмувале книгите во времетраење од еден ден. Според Дарнтон, романот доживеал најмалку 70 изданија до 1800 година.[2] Освен солидната продажба, читателите емоционално се поврзале со книгата, па така Русо постојано добивал писма од нив. Успехот на Јулија го одушевил Русо, а самиот признал дека во писмата од дамите обожаватели добивал љубовни понуди.[3] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia