Љубица Војдановска

Љубица Шуплиноска Војдановска ( 1925 во Тополчани — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

Окупацијата на земјата ја затекнала во селото и веднаш со целото семејство станала симпатизер на НОД. Од почетокот на 1942 година нејзината активност била поорганизирана. Растурала илегален материјал, чувала оружје, пренесувала пошта во селото и блиските села. Во својот стан чувала илегалци. Од средината на 1943 година се истакнала со работата меѓу селската женска младина.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1017.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya