Љубица Вчкова - Шопова

Љубица Вчкова - Шопова (22 јуни 1925 во Кавадарци) — учесник во НОВ на Македонија[1]

Животопис

Таа била монополска работничка. На напредното младинско движење му припаѓала во периодот пред војната. Од 1941 година била член на СКОЈ. Во нејзиниот дом се одржувале состаноци на скоевски групи. Собирала народна помош и била вклучена во подготовките околу формирањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов“. Повремено растурала летоци и пренесувала оружје, како и илегалци од едно до друто место. Во текот на јуни 1943 година на неколку наврати била апсена од бугарската окупаторска власт. Во јуни 1944 година стапила во единиците на НОВ и ПОМ како борец. Во ноември 1944 година била повлечена на работа во заднината на теренот Гaрниково, Чемерско, Бојанчиште и во други села, каде активно работела на организирањето одбори на АФЖ, НОМСМ и слично.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 1019.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya