Ќелија (геометрија)![]() ![]() Во геометријата, ќелија е тридимензионален елемент кој е составен дел од повеќедимензионално геометриско тело. Кај политопитеЌелијата претставува тридимензионален полиедарски елемент кој сочинува дел од границата на повеќедимензионален политоп, како на пример многуќелијник (4-политоп) или саќе (3-просторно поплочување). На пример, коцкестото саќе е составено од коцкести ќелии - по 4 коцки на секој раб. Тесерактот исто така е составен од коцкести ќелии, но има само 3 коцки по раб. Кај називите на многуќелијницитеПравилните испакнати многуќелијници честопати се именуваат по бројот на ќелиите што ги содржат, исто како што се користат n-аголник и n-едар како кратенки за многуаголните и полиедарските називи. На пример, тесерактот се нарекува и „октахорон“ или 8-ќелија бидејќи содржи 8 коцкести ќелии. Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia