Џакомо Казанова![]() Џакомо Џироламо Казанова (италијански: Giacomo Girolamo Casanova, 2 април 1725 - 4 јуни 1798) - италијански авантурист, војник, шпион, дипломат и писател. Запаметен е како принц на италијанските авантуристи и како човек што името Казанова го направил синоним за слобода[1][2] Неговата автобиографија, „Приказната за мојот живот“ (Histoire de ma vie), се смета за еден од најавтентичните извори за обичаите и нормите на општествениот живот во Европа во XVIII век.[3] ЖивотописСин на глумец, Казанова млад бил протеран од богословијата Свети Кипријан за скандалозно однесување и започнал распуштена кариера. По некое време служење на Римокатолички кардинал, бил виолинист во Венеција, се придружил на масонското движење во 1750 во Лион, потоа отпатувал во Париз, Дрезден, Прага и Виена. Се вратил во Венеција во 1755, Казанова бил осуден како магионичар на пет години затвор во Пиомба. На 31 октомври 1756 успеал да избега од затворот и пребегнал во Париз, каде што ја претставил лотаријата и направил финансиска репутација и престиж меѓу аристократијата. Каде и да одел тој се потпирал на својот шарм да добие влијание и на коцкање за да се издржува самиот. Казанова како тема во уметноста и во популарната култура
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia