Џексон Браун
Клајд Џексон Браун (англиски; Clyde Jackson Browne; роден на 9 октомври 1948) ― американски рок-музичар, пејач, текстописец и политички активист кој продал преку 18 милиони албуми во Соединетите Американски Држави.[1] Во 2003 година, три албуми од Браун: For Everyman, Late for the Sky и The Pretender, биле избрани од списанието Rolling Stone за списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња. Во 2004 година, Браун бил примен во Куќата на славните на рокенролот. Во 2015 година, Ролинг Стоун го ставило на 37-мо место на списокот од „100 најдобри текстописци на сите времиња“.[2] Живот и кариераРани години и почеток на кариератаБраун е роден на 9 октомври 1948 година, во Хајделберг во Германија, каде што бил стациониран неговиот татко Клајд Џек Браун, американско воено лице, за време на неговата работна задача во весникот Stars and Stripes. Мајка му, Беатрис Аманда (роденото Дал), била од Минесота и имала норвешко потекло.[3] На тригодишна возраст, Браун и неговото семејство се преселиле во куќата на неговиот дедо, во областа Хајленд Парк во Лос Анџелес.[4] Браун се заинтересирал за музика и почнал да пишува песни уште во тинејџерските години. Неговиот талент брзо бил забележан во месните музички кругови, што го поттикнало да ја започне неговата музичка кариера. По завршувањето на средно училиште Браун се приклучил на групата Nitty Gritty Dirt Band. Подоцна групата снимила многу песни кои ги напишал Браун, вклучувајќи ги: „These Days“, „Holding“ и „Shadow Dream Song“.[5] Кратко време бил дел од групата на неговата пријателка Памела Поланд, Gentle Soul. Ја напуштил групата Dirt Band по неколку месеци и пред да наполни осумнаесет години се преселил во Гринич Вилиџ во Њујорк, каде што станал репортер во издавачката компанија, Нина мјузик. Известувал за музички настани во Њујорк. Остатокот од 1967 година, а исто така и дел од 1968 година, ги поминал во Гринич Вилиџ, каде што бил пратечки вокал на Тим Бакли и пејачката Нико од Велвет андерграунд.[6] Во 1967 година, Браун и Нико биле во врска; тој бил значаен соработник на нејзиниот прв албум, Chelsea Girl, пишувајќи и свирејќи гитара на неколку од песните (вклучувајќи ја и „This Days“). Во 1968 година, по раскинувањето со Нико, Браун се вратил во Лос Анџелес, каде што со Нед Доени и Џек Вилс основал фолк-група. Тогаш се запознал со Глен Фрај. Првите песни кои ги напишал Браун, како: „Shadow Dream Song“ и „These Days“, биле снимени од Nitty Gritty Dirt Band, Том Раш, Нико, Стив Нунан, Грег Алман, Џоан Баез, Eagles, Линда Ронsтад, the Byrds, Иjан Метјус и други. Наскоро Ролинг Стоун го спомнал Браун како „ново лице на кое треба да се внимава“ и ги пофалил неговите „мелодии кои воодушевуваат“.[7] Солистичка кариера![]() Во 1971 година, Браун потпишал договор со Asylum Records и го издал албумот Jackson Browne (1972). Синглот „Doctor My Eyes“ станал хит и се пласирал во топ-10 на Билбордовата Hot100 топ-листа. На турнејата за промовирање на албумот, сцената ја споделувал со Линда Ронстат и со Џони Мичел. Неговиот следен албум, For Everyman (1973), не бил комерцијално успешен како првиот, но бил продаден во милион примероци.[8] Во 1974 година, Браун го издал албумот Late for the Sky, кој се смета за еден од неговите најдобрите и највлијателни дела.[8][9] Делата на Браун почнале да стекнуваат репутација на незаборавна мелодија, проникливи, често многу лични стихови и талент за неговите аранжмани во композицијата. Корицата на албумот била инспирирана од Магрит.[10] Насловната песна била прикажана и во филмот од Мартин Скорсезе, Таксист. Во текот на овој период, Браун ја започнал професионалната соработка со пејачот и текстописец Ворен Зивон. На турнејата во 1975 година, Браун бил придружуван од неговата сопруга Филис и едногодишниот син Итан. Есента 1975 година, Браун имал концерти со Eagles, Линда Ронштад и Тoots and the Maytals.[11] Неговиот следен албум, The Pretender (1976), бил објавен по самоубиството на неговата прва сопруга, Филис Мејџор, и неговите чувства се рефлектирале во песните од албумот. Врв на кариерата и активизамВо 1977 година, Џексон Браун го издал албумот Running on Empty, кој станал негов најпродаван албум. Наместо традиционален студиски албум, Running on Empty содржел песни снимени на концерт, во бекстејџ, па дури и во хотелски соби.[12] Овој уникатен пристап му донел позитивни критики и многу награди. Албумот содржел неколку негови најпознати песни, како насловната песна „Running on Empty“ и „The Load-Out/Stay“, кои се сметаат за класика во рок-музиката. Во пролетта 1978 година, Браун одржал бесплатен концерт во близина на фабрика за јадрена преработка во Барнвел, Јужна Каролина. Во јуни 1978 година настапил на градилиштето на јадрената централа Сибрук во Њу Хемпшир како поддршка за 20 000 противници на изградбата на реакторот.[13] Набргу по јадрената несреќа на островот Три Милји, во март 1979 година, Браун и неколку негови пријатели-музичари ја основале антијадрената организација Музичари обединети за безбедна енергија.[14] Неговиот следен албум, Hold Out (1980), бил комерцијално успешен и бил негов единствен албум на прво место наамериканската топ-листа за поп-албуми. Албумот Lives in the Balance (1986) бил силно политички обоен како одраз на неговата посветеност на разни социјални и политички движења, а музиката ја користел за да ги истакне овие прашања. Во текот на 1980-тите, Браун често настапувал на добротворни концерти за каузи што ги поддржувал, вклучително и „Фарм Ејд“, „Амнести Интернешнал“ (со неколку концерти на турнејата „Заговор на надежта“ во 1986 година), Никарагва по револуцијата за соборување на Сомоза и Институтот Кристик. Албумот World in Motion, издаден во 1989 година, содржел преработка на песната „I am a Patriot“ од Стивен Ван Занд, песна која тој ја изведувал на многу концерти. Браун, исто така, настапил заедно во ТВ-серијата од Рој Орбисон, Црна и бела ноќ во 1988 година заедно со Брус Спрингстин, kd lang и неколку други музичари. Серијата првично била емитувана на Cinemax. Подоцнежна кариераВо 1993 година, четири години по неговиот претходен албум, Браун го издал I'm Alive, албум пофален од критичарите но немал успешни синглови. Деветта песна од албумот, „Sky Blue and Black“, била искористена за време на пилот-епизодата од ситкомот Пријатели. Во 2002 година го издал албумот The Naked Ride Home. Во 2003 година, гостувал како себеси во епизода Симпсонови изведувајќи пародија од неговата песна „Rosie“ со изменети стихови за да одговараат на активностите на Хомер и Марџ во епизодата. Во 2004 година, Браун бил примен во Куќата на славните на рокенролот. Брус Спрингстин го одржал воведниот говор.[15] Браун напишал неколку хит песни кои многу уметници, вклучувајќи ги и Eagles, ги снимиле во текот на неговата кариера. Претходната година, три албуми од Браун - For Everyman, Late for the Sky и The Pretender - биле избрани од списанието Rolling Stone за списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња. ![]() Музичката кариера ја продолжил со албумите: Time the Conqueror (2008) и Standing in the Breach (2014). Петнаесеттиот студиски албум на Браун, Downhill from Everywhere, бил објавен на 23 јули 2021 година, од Inside Recordings.[16] Дискографија
Наводи
Општи и цитирани дела
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia