Џенерал Електрик
Џенерал Електрик (англиски: General Electric Company, GE) е мултинационална компанија со седиште во САД.[6] Според пазарната вредност на акциите, „Џенерал Електрик“ е трета највредна компанија во светот. ИсторијаКомпанијата настанала кога во 1876 година, Томас Едисон отворил нова лабораторија во Менло Парк, Њу Џерси. Од таа лабораторија настанал веројатно најупотребуваниот производ во светот - електричната светилка. Веќе во 1890. година, Едисон ги водел своите бизниси во фирма која се викала „Едисон Џенерал Електрик Компани“. Во 1892. година, компанијата на Едисон се споила со конкурентот „Томсон-Хјустон Електрик Компани“ со што настанала фирмата „Џенерал Електрик“, со седиште во Шенектади, во државата Њујорк. Поради намаленото влијание во формирањето на вредноста на индексот, во 2018 година било најавено дека „Џенерал Елетктрик“ нема повеќе да биде дел од познатиот берзански индекс „Дау Џонс“ (Dow Jones) во кој членувала од 1907 година.[7] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia