Џејми Оливер
Џејмс Тревор "Џејми" Оливер, MBE (роден на 27 мај 1975) — англиски славен готвач и сопственик на ресторани, познат и по неговите телевизиски емисии за храна, како и по книгите за готвење, а од неодамна и по неговата кампања за подобра едукација за храната. ДетствоОливер е роден и израснал во село во Клаверинг. Неговите родители имале ресторан, каде што тој вежбал готвење.[1] Се школувал во училиштето Њупорт Фри Грамар.[2] Оливер го напуштил школувањето на возраст од 16 години со освоени две квалификации, за уметност и геологија[3] и заминал на дошколување во колеџот Вестминстер Кингсвеј.[1][4] Кариера![]() Неговото прво вработување било во италијански ресторан, каде стекнал искуство во подготвување на италијанска храна. Станал пријател со својот ментор Џенаро Конталдо, кого подоцна Џејми го вработил да го води неговиот италијански ресторан.[4] Оливер продолжил да работи во „Ривер кафе“, каде во 1997 година е забележан од BBC. Џејми Оливер се појавил во документарецот за ресторанот, „Божик во Ривер кафе“ („Christmas at the River Cafe").[5] Во 1999 година, почнува да се прикажува неговото ТВ шоу Гола кујна (The Naked Chef), а неговата книга со рецепти танува бестселер во Обединето Кралство.[6] Истата година, Оливер е поканет да подготви ручек за тогашниот премиер Тони Блер.[6] Во јуни 2000 година, Оливер стана заштитно лице на британскиот синџир на супермаркети Сеинсберис, со кои потпишал договор вреден 2 милиони долраи годишно.[6] Во јули 2011 година, по единаесет години, сиработката е прекината, а последната телевизиска реклама се појавила за Божик 2011 година.[7] По три снимени серии од Гола кујна (Гола кујна, Враќање на голата кујна и Среќни денови со голата кујна) за Би-Би-Си, Оливер продолжил да соработува со Канал 4, каде неговите први серии биле документарни, Кујната на Џејми (Jamie's Kitchen) по што следувало отворање на 15 ресторани во Лондон. Ресторанот во Вестленд, Лондон, продолжил со обука на млади кои имаат лошо минато.[8] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia