Џејсон Момоа
Џозеф Џејсон Намакаеха Момоа (роден на 1 август 1979 г.) — американски глумец, модел и продуцент. Тој е познат по неговите телевизиски улоги како Ронон Декс во серијата Ѕвездена порта: Атлантида (2004–2009), Кал Дрого во серијата Игра на тронови (2011–2012), и како Деклан Харп во серијата Граница (2016–сè уште). Момоа ја играл главната улога во филмот Конан Варваринот (2011). Толкувајќи го ликот на суперхеројот Аквамен, тој имал кратко појавување во филмот Бетмен против Супермен: Зора на правдата (2016), играл главна улога во филмот Лига на правдата (2017) и ќе игра главна улога во истоимениот филм Аквамен (2018).[1] Во 2014 година тој бил режисер, сценарист и продуцент на филмот Пат за Паломa, во кој исто така игра главна улога.[2] Ран животМомоа е роден во 1979 година во Хонолулу, Хаваи, како единствено дете во семејството на Кони, фотографка, и Џозеф Момоа, сликар.[3] Тој израснал во Норвок, Ајова, каде живеел со својата мајка.[4] Неговиот татко e хавајец, додека неговата мајка има германско, ирско и индијанско потекло.[5] По завршувањето на средното образование, Момоа се запишал на колеџ во Ајова студирајќи морска биoлогија. Тој се префрлил на Универзитетот Колорадо, каде започнал да студира билогија на животинскиот свет. Пред да дипломира, тој се вратил на Хаваите за да помине време со својот татко.[6] Како млад човек, Момоа постојано патувал, сликал со пастелни бои во Париз, и слушал будистички предавања во Тибет.[7] Личен животВо 2005 година Момоа се запознал со глумицата Лиза Боне откако заеднички пријатели ги споиле, и тие започнале врска.[8] На 23 јули 2007 година, Боне го родила нивното прво дете, ќерка именувана Лола Иолани Момоа.[8] Иако се верувало дека Момоа и Боне се венчале во ноември 2007 година, парот законски не се венчал сè до октомври 2017 година.[9] Од бракот со Боне, Момоа станал очув за Зои Кравиц.[10] На 15 декември 2008 година, Боне го родила нивното второ дете, син на кого му било дадено името Накоа-Волф Манакауапо Намакаеха Момоа. Мајката на Момоа го објавила раѓањето, кажувајќи дека Накоа значи „воини“ а Мана означува „сила/дух“, додека Кауа („дожд“) и По („темнина“) се однесуваат на околностите при неговото раѓање (тој е роден на невообичајна дождлива ноќ во Лос Анџелес). Тој го дели своето име, Намакаеха, со неговиот татко.[11] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia