Џонатан Дибен
Џонатан Дибен (англиски: Jonathan Dibben; р. 12 февруари 1994) — поранешен британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2015-2020 за екипите ВИГИНС, Тим Скај, Медисон Џенезис и Лото-Судал.[1] Неговиот постар брат Питер Дибен е британски првак во велодромски велосипедизам.[2] Возел на Светското велодромско првенство 2015.[3] На Светското велодромско првенство 2016 го освоил златниот медал на бодовната трка[4] и сребрениот медал во екипна потера.[5] Во октомври 2020 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2020.[6] Откако неговиот договор со Лото-Судал не бил обновен, Дибен се повлекол од професионалниот велосипедизам на крајот на сезоната 2020,[1] и станал тренер. ДостигнувањаВелодромски велосипедизам
Друмски велосипедизам
Распоред на резултатите на големите трки
— = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia