Џон Малкович
Џон Гавин Малкович (англиски: John Gavin Malkovich) — американски глумец, продуцент и режисер. Роден е на 9 декември 1953 година во Кристофер, (Илиноис). Неговите дедо и баба по таткова линија биле Хрвати, со потекло од Озаљ, кај Карловац, Хрватска[1][2][3][4], а мајка му имала шкотско и германско потекло[5]. ФилмографијаМалкович најпрвин се прославил на театарската сцена, а во 1999 година се играл себеси во филмот „Да се биде Џон Малкович“. Во својата кариера, тој имал две номинации за наградата „Оскар“, и тоа за улогите во филмовите „Места во срцето“ и „На линијата на огнот“. Во 2014 година, тој го позајмил гласот во цртаниот филм „Пингвините од Мадагаскар“, во кој го толкувал научникот Октавиус Брин, под чија маска се крие октоподот Дејв, кој е љубоморен на пингвините.[6] Табела 1: Филмографија на Џон Малкович Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia