Џон Руди
Џон Томас Гордон Руди (роден на 24 октомври 1986) е англиски фудбалер кој игра за Норич Сити и репрезентацијата на Англија како голман. Технички карактеристикиПокрај тоа што има добар рефлекс и е одличен во бранењето на ударите што се нанесени кон неговиот гол, тој исто така има репутација да биде доминантен чувар на мрежата; господар во својот шеснаесетник, нема проблем со нафрчувања и одлично ги командува одбранбените играчи пред себе. Клупска кариераРуди ја започнал својата кариера во екипата на Кембриџ Јунајтед, каде бил прв избор во сезоната 2004-05 и направил 38 настапи во Лига Два, но неговиот клуб испаднал како последен со освоени само 30 бодови. Напорите на Руди и неговите 9 сув мрежи и во онака слаб тим како Кембиџ Јунајтед не останале незабележани и тој потпишал за премиерлигашот Евертон, веќе летото во 2005 на 19-годишна возраст. Тој бил четврти избор на голот на Евертон, бидејќи немал многу голема минутажа морал да оди на многубројни позајмици како би стекнал неопходно искуство. Неговиот прв и единствен настап за Еветон дошол во февруари 2006 во невообичаени околности. После девет минути од натпреварот против Блекбурн Роверс, голманот Јан Тарнер бил исклучен од игра поради играње со рака надвор од својот шеснаесетник. Откако претходно Тарнер морал да ги менува на голот повредените први два избора на менаџерот Дејвид Мојс, Најџел Мартин и Ричард Рајт, Руди останал единствениот голман кој бил во опција да игра. Тој застанал на голот по исклучувањето на Тарнер и успеал да ја сочува својата мрежа во победата со 1-0. Тој бил на заем во девет различни клубови, а при последната во шкотскиот Мадервел ги покажал својте квалитети сочувајќи ја својата мрежа во 15 натпревари од 34 настапи. Тоа го натерало менаџерот на Норич Сити, Пол Ламберт, да го доведе во клубот во 2010 година. Во својата прва сезона Руди забележал 45 настапи, а тимот завршил како втор во Чемпионшип, со што стекнал промоција во Премиер лигата. Тој останал прв избор на голманската позиција во Норич и во Премиер и започнал во 37 натпревари, пропуштајќи само еден поради суспензија заработена во натпреварот против Челзи на 27 август 2011 кога заработил директен црвен картон за прекршок над Рамирес. Следната сезона се мачел со повреди поради што бројот на настапи драстично се намалил на само 15 во кој успеал да ја сочува својата мрежа 6 пати (вклучувајќи ги победите дома над Манчестер Јунајтед и Арсенал со 1-0). Тој исто така бил на голот и во последниот натпревар од сезоната во кој Норич како гостин го совладал Манчестер Сити со 3-2. Почетокот на следната сезона за Руди бил тежок бидејќи тој имал неколку грешки кој што го чинеле неговиот клуб губење на бодови. Сепак, тој имал фантастичен перформанс во победата на гости против Вест Бромвич Албион со 2-0, натпревар во кој Руди имал 8 одбрани.[2] Репрезентативна кариераНа 16 мај 2012 година, Руди го добил својот прв повик за сениорската репрезентација, откако селекторот Рој Хоџсон го избрал него да биде член во тимот на Англија за Европското првенство 2012.[3] Сепак, скршен прст го отфрли од турнирот, па Џек Батланд бил повикан на негово место. Руди бил повикан за пријателскиот натпревар против Италија во Берн, Швајцарија на 10 август 2012 година, заедно со Батланд и Џо Харт. Тој влегол на полувремето работно време на местото на Батланд за да го направи неговото деби за Англија, и имал некои клучни одбрани со кој продонесол за победата на Англија во натпреварот со 2-1, сочувајќи ја својата мрежа празна во својот прв настап откако Батланд претходно примил гол во првото полувреме.[4]
Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia