Џорџ (куче)Џорџ (починал на 29 април 2007 година) — куче-миленик во Таранаки, Нов Зеланд, што го жртвувало својот живот спасувајќи локални деца од кучешки напад. Херојството на Џорџ било меѓународно признато, и тој добил постхумни награди од новозеландски и британски добротворни организации за животни. ЖивотописЏорџ бил 30 сентиметри висок Џек расел териер[1] со „срцева заболување“, што живеело во Манаја, Таранаки, Нов Зеланд[2] со својот сопственик, вдовецот Алан Геј. „Сидни Морнинг Хералд“ објавил дека Џорџ бил роден во 1997/1998, додека „Стратфорд Прес“ и „Скај њуз“ објавиле дека бил роден 1992/1993. Џорџ претходно живеел кај соседите на Геј, но тие му го понудиле кучето на Геј кога се преселиле бидејќи „кучето поминувало многу време кај него“.[2] Одбранбена акција„Сиднеј Морнинг Хералд“ и „Нов Зеланд Хералд“ објавиле дека на 29 април 2007 година, пет деца во Манаја пешачеле кон дома кога биле нападнати од два питбула. Деветгодишниот (роден 1997/1998) Џорџ ги одбранил децата, но бил тешко повреден во борбата.[1] Ветеринарот на Геј препорачал евтаназија на Џорџ, и иако Геј неволно се согласил со постапката, подоцна се покајал за одлуката.[2] Питбулите исто така биле евтаназирани, а нивниот сопственик "[се соочил] со кривично гонење за поседување опасни и неконтролирани кучиња“.[1] Шест месеци подоцна, „Стратфорд Прес“ објавиле дека станувало збор за еден питбул наспроти 14-годишниот Џорџ кој заштитувал три деца. Во февруари 2009 година, „Скај њуз“ објавиле дека Џорџ имал 14 години кога се соочил со двата питбула за да одбрани пет деца на возраст од 3 до 12 години. После тоа, Џорџ бил пофален и овековечен за неговата храброст и жртва. Кралското новозеландско друштво за спречување на суровост кон животните му доделиле медал за храброст, прв доделен на куче за 17 години и првото куче кое не било полициско куче; Геј требал да го добие медалот на Џорџ во детското училиште. Џерел Хадман, ветеран од Виетнамската војна во морнарицата на САД, бил толку импресиониран од постапките на Џорџ, што му рекол на „Таранаки Хералд“ дека ќе му испрател на Геј едно од неговите три „Виолетови срца“.[1] Во пролетта 2007 година, во Манаја била откриена бронзена статуа на Џорџ, дело на Фридтјоф Хансон од Њу Плимут. Во 2009 година, Британската народна диспанзерија за болни животни му го доделила на Џорџ PDSA златниот медал, одликување кое „Скај њуз“ го опишало како „животински еквивалент на Џорџовиот крст“; медалот бил закачен околу вратот на статуата на Џорџ од Ананд Сатјананд, тогашен генерален гувернер на Нов Зеланд. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia