АФК Хадерсфилд Таун
АФК Хадерсфилд Таун е англиски фудбалски клуб од градот Хадерсфилд, Западен Јоркшир. Во моментов клубот се натпреварува во Чемпионшип лигата, второто ниво на англискиот лигашки систем. Хадерсфилд е првиот тим во историјата на англискиот фудбал кој успеал да освои три последователни титули шампион на Англија, освоени во сезоните 1923-1924, 1924-1925, 1925-1926, најмногу благодарение на нивната тогашна легенда Херберт Чапман. Со ова достигнување Хадерсфилд е во друштво само на уште три други многу пославни тимови кои успеале да врзат три последователни титули по ред, а тие се Манчестер Јунјатед, Арсенал и Ливерпул. Но, овие три титули на Хадерсфилд за сега остануваат и единствените во историјата на клубот. Во 1922 година тимот го освоил и ФА Купот. Во 2017 година клубот по 45 години пауза се вратил во највисокото ниво на англискиот фудбал, останувајќи две сезони во Премиер лигата, пред да испаднат во Чемпионшип во сезоната 2018–2019. Своите домашни натпревари Хадерсфилд ги игра на Кирклис стадионот кој е со капацитет од 24.500 места. Титули
Второ место: 1926/27, 1927/28, 1933/34
Финалисти на ФА Куп (4) : 1920, 1928, 1930, 1938
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia