Австралиски долар
Долар или австралиски долар (ISO 4217: AUD, бројчен код: 036) е официјална валута и средство за плаќање во Австралија воведена во 1966 година.[1] Оваа валута исто така се користи и на Божиќниот Остров, Кокосовите Острови, Островот Норфолк, како во независните држави во Тихиот Океан - Кирибати, Науру и Тувалу. Се обележува со симболот за долар $, но често се додада АU или А за да се разликува од другите долари. Се дели на 100 центи. Меѓународниот код на валутата е AUD. Австралискиот долар во моментов е шеста валута според обемот на тргување во светот, после американскиот долар, еврото, јапонскиот јен, британската фунта и швајцарскиот франк. Доларите ги издава Банката за парични резерви на Австралија (Reserve Bank of Australia). Инфлацијата во 2006 година изнесувала 3.3%. Банкнотите се издаваат во апоени од 5, 10, 20, 50 и 100 долари, а монетите во апоени од 1 и 2 долари, како и 5, 10, 20 и 50 центи. Една од специфичностите на австралискиот долар е што не се печати на хартија, туку се произведува од посебна пластика. Така банкнотите се поиздржливи и подолго можат да се употребуваат, а значително е намалена опасноста од фалсификување. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia