Автомобилски гробишта![]() Поимот автомобилски гробишта или гробишта за автомобили се однесува за место кое што депонирани возила пред да бидат уништени или рециклирани или се оставени напуштени и во распаѓање.[1] Локации и намениПостојат бројни автомобилски гробишта што можат да се најдат низ целиот свет. Намената на секоја локација варира. Во Викторвил, Калифорнија има стотици илјади автомобили што биле откупени од Фолксваген по скандалот со емисиите од 2015 година и тие се подготвувани за рециклирање или уништување. Некои гробишта се наменети како на пример на автомобилските депонии каде што може да се најдат ретки резервни делови. Историската автомобилска гробница во Кауфдорф се состоела од стотици автомобили, претежно од 1930-тите до 1960-тите. Автомобилите останале недопрени повеќе од 30 години. Тие биле собрани со надеж дека ќе служат за ретки делови. Сепак, времето и природата довеле до распаѓање на возилата. Обраснато со ретка флора и фауна, местото морало да се расчисти кога во 2009 година биле покренати еколошки проблеми. Местата што содржат вакви гробишта можат да станат јавни атракции. Во американската сојузна држава Џорџија, Вејд Алонсовите авто делови и услиги за уништување е колоквијално позната како „Гробиштата на училишните автобуси“. Барајќи начин да ги намали кражбите од својот имот, Алонсо изградил голем ѕид oд училишни автобуси и камперски автомобили. Многу уметници од државата дошле да ги насликаат страните на автобусите, создавајќи шарена и необична уметничка галеријакоја станала привлечна за туристи. Воо Џорџија се наоѓа и Олд Кар Сити САД, најголемата депонија за автомобили во светот, претпријатие кое започнало во 1931 година како салон за користени автомобили, но сега служи како патека од 9.6 километри за посетителите со депонирани бад 4.000 автомобили. Некои гробишта за автомобили се лесно достапни, други се скоро недостапни. Во 2016 година урбаните истражувачи пронашле „планина од возила“ во напуштен рудник во Велс. Автомобилите биле натрупани на дното на рудникот за шкрилец и се верува дека се таму од 1970-тите. Ваквите места можат да бидат популарни и меѓу фотографите.[2] Некои гробишта за автомобили не содржат цивилни возила како што се автомобили и мотоцикли, туку специјализирани возила. Француските власти направиле магацин за противпожарните возила противпожарни возила кои датираат од почетокот на 20 век. Возилата, иако покриени со прашина, биле заштитени од временските услови, но откако еден урбан истражувач објавил фотографии од локацијата, сите биле преместени на нова, тајна локација. Исто така, постојат места со бројни оклопни возила, понекогаш наречени гробишта на тенкови. Друга значајна специјализирана гробница за возила е гробницата за тркачки автомобили лоцирана во Северна Каролина, во сопственост на НАСКАР возачот Дејл Ернхард Џуниор, која станало последната депонија за автомобили како што е автомобилот 2012 Дејтона 50 на Хуан Пабло Монтоја.[3] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia