Аголно растојаниеВо геометријата и тригонометријата и сите природни науки како астрономијата, геофизиката итн., аголното растојание (аголна оддалеченост, привидно растојание или привидна оддалеченост) помеѓу два предмета кога се набљудуваат од трето место е големината на аголот помеѓу двете замислени линии што се протегаат од набљудувачот кон предметите. Така, аголното растојание е исто што и агол, но името подразбира (често големо и непознато) линиеарно растојание помеѓу предметите (како астрономски објекти, гледани од Земјата). ИзразувањеБидејќи аголното растојание е поимовно истоветно со аголот, тоа се изразува со истите единици како степени или радијани и се мери со гониометри или оптички направи посебно предвидени да мерат агли при дадена насоченост (како што е телескопот). Равенка![]() Пресметката на аголното растојание во лачни секунди кај двојните ѕвездени системи, вонсончевите планети, објекти од Сончевиот Систем и другите астрономски објекти се врши со орбитално растојание (голема полуоска) и ае поделено на ѕвезденото растојание во парсеци. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia