Аденике Оладосу
Аденике Титилопе Оладосу (англиски и јорупски: Adenike Titilope Oladosu, 1994[1]) — нигериски активист за климатски промени, феминист и иницијатор на нигериското движење „Петоци за иднината“.[2][3] Таа била една од првите три млади црни активисти на Африка кои се обидуваат за борба против климатските промени.[4] Детство и образованиеОладосу е од Огбомошо во Ојо.[5] Таа се стекнала со основното образование во Абуџа, и продолжила на Земјоделскиот Универзитет во Маркурди, каде студирала земјоделска економија.[2][5] АктивизамОладосу започнака да организира климатски активизам откако започнака со универзитет. Таа видела дека земјоделците и сточарите се лути затоа што нивната земја станувала сè посушна, а другите заедници кои никогаш не се соочиле со поплави ги зазеле нивните обработливи површини. Специјалниот извештај за глобалното затоплување од 1,5 °C извештајот на IPCC ја навело да се приклучи на движењето „Петок за иднината“. Таа почнала да се залага помеѓу заедниците, училиштата и јавните места да зборува со луѓето за климатската криза. Таа ги поттикнала да садат дрвја и да ги едуцираат своите врсници.[6] Во 2019 година, Оладосу била добитник на наградата Амбасадор на совеста од Амнести Интернешнл на Нигерија[7] и таа зборувала со светските лидери на младинскиот самит на ОН за климата.[8] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia