Аденозин трифосфат
Аденозин трифосфатот (АТФ или ATP) е високоенергетско соединение кое дава енергија на повеќето животни процеси кај организмите. АТФ е нуклеотид, познат во биохемијата како „молекуларна валута“ за внатрешноклеточниот пренос на енергијата; односно, АТФ е во состојба да складира и пренесува енергија внатре во клетката. АТФ исто така игра важна улога во синтезата на нуклеинските киселини. Молекулите на АТФ се користат и за депонирање на корисна енергија, која растенијата ја претвораат во процесот на клеточно дишење. Хемиски својстваХемиски, АТФ се состои од аденозин и три фосфатни групи (трифосфат). Неговата емпириска формула е C10H16N5O13P3, а рационалната формула C10H8N4O2NH2(OH)2(PO3H)3H, со молекулска маса од 507.184 u. Фосфатните групи, почнувајќи од оние на Аденозин монофосфатот (АМФ) се нарекуваат алфа (α), бета (ß) и гама (γ) фосфати. Биохемиските имиња за АТФ се 9-ß-D-рибофуранозиладенин-5'-трифосфат, и еквивалентно, 9-ß-D-рибофуранозил-6-амино-пурин-5'-трифосфат. Синтеза![]() АТФ може да се произведе во различни клеточни процеси, но најчесто во митохондриите преку оксидациска фосфорилација, под каталитичко влијание на ензимот АТФ синтетаза, или кај растенијата во хлоропластите, во текот на фотосинтезата. Главен извор на енергија за синтеза на АТФ се гликозата и масните киселини. Прво, гликозата се раздвојува на пируват во цитозолот. Две молекули на АТФ се генерираат од секоја молекула на гликоза. Завршните фази во синтезата на АТФ се одвиваат во митохондриите и произведуваат до 36 или 38 молекули на АТФ. АТФ во човечкото телоВкупната количина на АТФ во човечкото тело изнесува околу 0,1 молови. Енергијата која ја користат човечките клетки бара хидролиза на 200 до 300 молови АТФ дневно. Ова значи дека секоја молекула на АТФ се рециклира 2000 до 3000 пати секој ден. АТФ не се складира, па затоа неговото искористување треба да следи брзо по неговата синтеза. Останати трифосфатиКлетките имаат и други високоенергетски нуклеозид трифосфати, како гванозин трифосфат. Помеѓу нив и АТФ енергијата лесно може да се пренесува преку реакции како што се оние кои се катализирани од нуклеозид дифосфокиназа — енергијата се ослободува кога се хидролизира фосфат - фосфат врската. Оваа енергија можат да ја користат различни ензими, моторни белковини и транспортни белковини за својата работа во клетката. Со процесот на хидролиза се ослободуваат неорганските соединенија фосфат и аденозин дифосфат, кој може и понатаму да се разложи до аденозин монофосфат. АТФ може да биде разложен во АМФ и на директен начин, со создавање на пирофосфат. Оваа реакција има предност за сметка на претходната во тоа што е делотворно неповратен процес во воден раствор. Реакција на АДП со ГТППостои идеја да се користи АТФ како енергетски извор во нанотехнологијата и имплантите. Вештачки пејсмејкери би можеле да станат независни од бактериите. Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia