Административна поделба на АнглијаАдминистративната поделба на Англија се состои од четири слоја (нивоа) на делба, каде некои слоеви содржат разновидни административни единици. Сите овие постојат за целите на локалната управа на Англија. Некои единици играат комбинирана улога на два слоја на локална управа, како на пример административното подрачје на Голем Лондон, кое исто така ја претставува и единицата Лондонски регион, а унитарните единици често се вбројуваат во единици на грофовиско и на окружно ниво. Регионално нивоНа највисоко ниво, Англија се дели на 9 региони кои содржат една или повеќе грофовиски единици. Регионите биле создадени во 1994 г. и како такви се користат и како изборни единици за Европскиот парламент. Сите имаат ист статус. Меѓутоа Лондон е единствениот регион со забележителна деволуирана власт во облик на избран градоначалник и управата на Голем Лондон. Регионите во голема мера се разликуваат по големина, како со површината, така и со бројот на населението.
Грофовиско нивоАнглија административно се дели на двослојни и еднослојни управни единици; оние од повисоко ниво во двослојно-структуираните единици се нарекуваат „грофовии“ (counties). Во Англија постојат три вида на грофовии, меѓутоа тие не ја покриваат цела Англија; останатите се еднослојни унитарни единици (видете подолу). За други (неадминистративни) цели, Англија се дели на т.ен. „церемонијални грофовии“ (ceremonial counties), иако ова не е службен поим. Секоја грофовија има Лорд-намесник (Lord Lieutenant) кој ја претставува Круната во својата грофовија. Церемонијалните грофовии често се разликуваат од административните грофовии по тоа што ги заземаат подрачјата кои ги покриваат унитарните единици, и така ја покриваат Англија во потполност. Тие најчесто се употребуваат од луѓето, кога кажуваат во кој дел на земјата живеат, а истите играат улога и во образувањето на границите на парламентарни изборни единици. ![]() Трите вида на административна грофовија се:
Треба да се напомене дека иако метрополските грофовии сѐ уште законски постојат, највеќето од нивните административни функции сега ги вршат метрополските окрузи, кои во практика се унитарни единици (видете подолу). Управата на Беркшир исто така сега ја вршат унитарни управни власти, иако грофовијата сѐ уште правно постои, бидејќи никогаш не била укината. Окружно нивоВо рамките на двослојната административна структура, на подолно ниво се окрузите (districts). Некои окрузи се нарекуваат „окрузи“ (boroughs), градови (cities) или пак кралски окрузи (royal boroughs). ![]() Треба да се напомене дека метрополските окрузи се во практика унитарни единици (видете подолу), иако метрополските грофовии сѐ уште правно постојат. Лондонските окрузи и Сити исто така во практика се унитарни единици, иако управата на Голем Лондон задржува извесна (но ограничена) доза на управа. Унитарни единициИзвесни, главно урбани, делови од Англија не потпаѓаат под двослојната грофовиско-окружна поделба. Тие пак се покриени од единствено подрачје, често (но неофицијално) наречено „унитарна единица“ (unitary authority). Унитарните единици се создадени во 1995 г., главно за окрузи кои биле одделени од нивната грофовија. Во некои случаи се променети границите, или пак окрузите се споени во еден при ваквата реогранизација. Единствено единицата Остров Вајт била создадена од грофовиската управа чии окрузи не биле укинати. Сите окрузи во рамките на грофовијата Беркшир се унитарни единици, иако Беркшир сѐ уште правно постои како грофовија, и покрај тоа што нема грофовиска управа. Беркширските унитарни единици се обележани со ѕвездички (*) во следната таблица. Островите Сили имаат засебна локална управа, која е Советот на Сили, која е слична на унитарните единици во остатокот од Англија. Метрополските окрузи, лондонските окрузи и лондонскиот Сити во практика се исто така унитарни единици, иако правно тие сѐ уште потпаѓаат под двослојната поделба.
Месно нивоМесната околија (наречена „граѓанска парохија“, civil parish) е најлокалната управна единица во Англија. Голем Лондон нема месни околии. Не сета Англија е поделена на месни околии, иако нивниот бројот, како и вкупната месна покриеност на земјата сè повеќе расте.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia