Папуа Нова Гвинеја е поделена на 4 региони, кои опфаќаат 20 покраини , еден автономен регион (Бугенвил ) и еден национален престолнински округ . Папуа Нова гвинеја не е федерација од покраини, туку унитарна држава , каде покраините се потчинети на централната власт.
Покраини
Карта на покраините во Папуа Нова Гвинеја
Еве список на покраините во земјата:[ 1]
Бр.
Покраина
Админ. центар
Површина (км2 )
Население
Густина (жит/км2 )
Регион
1
Централна
Порт Морсби
29.500
183.153
6,21
Папуа
2
Чимбу
Кундијава
6.100
258.776
42,42
Планински
3
Источна Планинска
Горока
11.200
429.480
38,35
Планински
4
Источна Нова Британија
Кокопо
15.500
220.035
14,20
Островски
5
Источен Сепик
Вевак
42.800
341.583
7,98
Момасе
6
Енга
Вабаг
12.800
289.299
22,60
Планински
7
Заливска
Керема
34.500
105.050
3,04
Папуа
8
Маданг
Маданг
29.000
362.085
12,49
Момасе
9
Манус
Лоренгау
2.100
43.589
20,76
Островски
10
Милн Беј
Алотау
14.000
209.054
14,93
Папуа
11
Моробе
Лае
34.500
536.917
15,56
Момасе
12
Нова Ирска
Кавиенг
9.600
118.148
12,31
Островски
13
Оро
Попондета
22.800
132.714
5,82
Папуа
14
Бугенвил (авт. регион)
Арава
9.300
175.053
15,18
Островски
15
Јужна Планинска
Менди
15.100
360.318
23,86
Планински
16
Западна
Дару
99.300
152.067
1,53
Папуа
17
Западна Планинска
Маунт Хаген
4.300
254.227
59,12
Планински
18
Западна Нова Британија
Кимбе
21.000
184.838
8,80
Островски
19
Сандаун
Ванимо
36.300
185.790
5,12
Момасе
20
Национален Престолнински Округ
Порт Морсби
240
252.469
1051,95
Папуа
21
Хела
Тари
10.500
185.947
17,71
Планински
22
Џивака
Мињ
4.800
185.641
38,68
Планински
Региони
Региони на Папуа Нова Гвинеја Планински Регион
Островски Регион
Момасе
Папуа
Земјата се дели на четири региони, кои играат значајна улога во секојдневниот живот. Неретко според нив се води организацијата на владините служби, подрачјата на стопанисување, спортските натпревари, па дури и политичките игри. Кај населението има силно чувство на регионална припадност, и постојат сериозни меѓурегионални соперништва. Честопати министрите и другите функционери се назначуваат од сите региони за да се запази рамнотежата.
Четирите региони се:
„Момасе“ е новосоздадена кованка составена од првите три букви од Моробе, Маданг и Сепик.
Поврзано
Наводи