Академско рангирање на универзитетите во светотАкадемско рангирање на универзитетите во светот (англиски: Academic Ranking of World Universities - ARWU), позната и како Шангајска листа, е публикација од Шангајскиот универзитет во Цао Тун во која се врши рангирање на универзитетите на светско ниво.[1] Рангирањето започнало да се врши од 2003 година и секоја година се објавува нова листа. Од 2009 почнало да се публикува рангирањето.[2] Шангајската листа е една од најважните и најупотребуваните рангирања на универзитетите во светот, поради својата објективна и конзистентна методологија. Сепак, во исто време, листата била и критикувана поради тоа што поголем акцент става на природните науки за сметка на општествените и хуманистичките науки.[3] МетодологијаЛистата споредува 1.200 високообразовни институции ширум светот според шест критериуми. Критериумите за повисок ранг се: број на добитници на Нобелова награда[4] и Филдсов медал меѓу поранешните студенти (10%), Нобелова награда и Филдсов медал во персоналот на универзитетот (20%), високо цитирани истражувачи во 21 категорија (20%), трудови објавени во списанија и (20%), Индекс на научни цитати и Индекс на цитати од општествени науки (20%) и придонес по глава на академци (од наведените индикатори) на институцијата (10%). Методологијата ја воспоставиле од Лиу и Ченг.[5] Тие навеле дека основна идеја за рангирањето било да се премости јазот меѓу кинеските и светски познатите универзитети, особено во академскиот и научниот придонес.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia