Аксаково
Аксаково (бугарски: Аксаково) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Аксаково во Варненската Област. Има население од околу 8.004 жители (2022).[1] Географија и местоположбаСе наоѓа на околу 90-100 метри надморска височина, во јужното подножје на висорамнината Франгенско Плато, со наклон кон Варненското Езеро, на 10 километри северозападно од регионалниот центар Варна. ИсторијаИсторијата на Аксаково може да се проследи уште од римско време. Во близина на населбата се наоѓа римската тврдина М’глиж која имала важна улога за развојот на населбата и одбраната на регионот. Откако Отоманската империја го презела Второто бугарско царство, дошло до пад на бугарското население во областа. Селото имало претежно турско население и се викало Аџемлер. Кога бил потпишан Санстефанскиот договор (1878), дошло до масовен егзодус на Турците. Новото население се состоело од бугарски бегалци кои дошле од регионот околу Одрин и Лозенград во Источна Тракија. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, во Македонско-одринското ополчение доброволно се пријавиле 4 лица од Аџемлер.[2] На 14 август 1934 година името на селото е сменето од Аџемлер во Аксаково во чест на рускиот публицист Иван Аксаков кој активно се вклучил во процесот на ослободување на Бугарија. Во 2004 година селото добило статус на град. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia