Акустична траума (музички албум)
Акустична траума е името на првиот албум во живо на македонската џез/рок група Леб и сол. Албумот бил издаден во септември 1982 година, преку издавачката куќа ПГП РТБ. Снимен во април 1982 за време на турнејата од албумот Следовање во Загребскиот клуб ”Кулушиќ”, популарно концертно место каде настапуваше речиси целата југословенска рок сцена и каде сними сопствени албуми во живо, пред сепак пробирливата загрепска публика. Албумот е прогласен за еден од подобрите живи албуми воопшто, чинејќи важен дел од историјата југословенската музичка сцена. Список на песниПлоча 1А1 Локомобила (3:07) B1 Ајде сонце зајде (5:18)
Плоча 2C1 Жива рана (21:17) D1 Бонус (4:43)
Целосно времетраење: 83:15 Постава
|
Portal di Ensiklopedia Dunia