Акциско-авантуристичка играАкциско-авантуристичка или акционо-авантуристичка игра — видеоигра што спојува својства од авантуристичкиот жанр и акционите игри. Веројатно е најширокиот и најразновиден жанр во видеоигрите и содржи многу игри што може да се сместат во потесни поджанрови. Првата позната игра од овој жанр е Adventure (1979) за Atari 2600.[1] Делот „авантуристичка“ од изразот „акциско-авантуристичка игра“ не се однесува на тематиката на играта (како на пример во авантуристичките филмови), туку на начинот и стилот на играње. Слично и делот „акциона“ (односно „акциско-“) не мора да значи дека играта содржи насилни дејствија (како тепање), туку дека играта воглавно содржи физички предизвици, како брзи рефлекси и добра координација. Бидејќи акциско-авантуристичкиот жанр е мешан жанр, игрите од овој жанр содржат и физички и умствени предизвици, без разлика дали има и насилство. Некои истражувања покажуваат дека машките повеќе уживаат во акциско-авантуристичките игри од женските.[2][3] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia