Александар Балабанов
Александар Балабанов (18 јануари 1879 во Штип — 30 ноември 1955 во Софија, Бугарија) — македонски врвен литерат, преведувач и критичар.[1] Долги години бил професор на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и член на Македонскиот научен институт. Исполнувал важни мисии кои му биле доверувани од ВМРО. Александар Балабанов завршил класична филологија во 1904 година во Лајпциг и Ерланген, Германија. Во 1904-1912 работел како учител по класични јазици во Прва машка гимназиjа во Софија. Во 1921 година е основач на Катедрата за класична филологија на Софискиот универзитет. Балабанов ги објавил книгите „Еволуција на мотивите во грчката поезија“ (1911), „Историја на класичната литература“ (1914, 1917, 1931), „Љубов и поезија“ (1939). Покрај научната дејност Балабанов се занимавал со новинарство и бил уредник на списаниjата „Художник“ („Уметник“, 1905-1906) и „Прометеj“ (1937-1943), на весниците „Време“ (1908-1909) и „Развигор“ (1921-1937). Наводи
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia