Александар Димитровски
Александар Димитровски (роден на 2 јуни 1980 во Гевгелија) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тој настапувал на позицијата бек. КариераИграчка кариераДимитровски, сезоните 2000/01 и 2001/02 ги одиграл во велешки Жито Вардар. Сезоните 2002/03, 2003/04, 2004/05 ги поминал во Фершпед Работнички и ги освоил двојните круни (Лигата и Купот) во сите тие три сезони. Сезоната 2005/06, Димитровски ја започнал во Работнички, но на полусезоната, во јануари 2006 година, тој ја започнал својата меѓународна кариера и заиграл за полскиот клуб Сласк Вроцлав.[1][2] Сезоната 2006/07 продолжил во Сласк Вроцлав.[3] За сезоната 2007/08, Димитровски станал кошаркар на тогаш амбициозниот состав за титула - Фени Индустри.[4] Тогаш, Александар ја освоил двојната круна односно Купот 2008 и Првата лига. Сезоната 2008/09 ја започнал во Фени,[5], но во ноември 2008 година, Димитровски го раскинал договорот со кавадаречкиот клуб и се преселил во Работнички со кој подоцна станал првак во Лигата.[6] Александар останал да биде кошаркар на Работнички во сезоната 2009/10.[7] За сезоната 2010/11, со потпишување на договор во септември 2010 година, „Мачка“ продолжил во редовите на Работнички.[8][9] Тогаш тој станал првак во Купот 2011 и вицепрвак во Првенството. Сезоната 2011/12, Александар ја поминал во новиот прволигаш, клубот од родниот крај Гевгелија - Кожув.[10] За сезоната 2012/13, Александар се вратил во Работнички по третпат.[11] Останата кариераВо јули 2014 година, Димитровски бил назначен за нов спортски директор на клубот Работнички.[12] Приватен животЖенет е со пејачката Тамара Тодевска и заедно имаат две деца.[13] Успеси
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia