Александар Штерјов
Александар Штерјов (роден 15 мај 1986 во Скопје) — македонски кошаркар и бивш репрезентативец. Тој игра на центарската позиција во Кожув. Клупска кариераЗа сезоната 2006/07, Александар настапувал во МЗТ Аеродром.[1] Во сезоната 2007/08, Штерјов ја минал во редовите на второлигашот Торус.[2] Таа сезона, Штерјов со Торус станал второлигашки првак и бил унапреден во Првата лига. И во следната сезона, Штерјов продолжил да настапува во Торус.[3] Сезоната 2009/10, Штерјов ја започнал во новиот прволигаш Плејмејкер Кубус.[4] Но за време на полусезоната, Штерјов се преселил во Вардар, екипа која подоцна отпаднала од елитата.[5] Следната сезона ја минал Втората лига со Вардар, каде станувајќи првак, се вратил во Првата лига. Сезоната 2011/12, Штерјов ја започнал во Вардар, но на полусезоната се преселил во МЗТ Аеродром.[6] Токму со МЗТ, Штерјов станал првак во Купот 2012 и Првенството. За сезоната 2012/13, Штерјов заиграл за Кожув.[7][8] Таа сезона, тој заедно со Кожув, станал вицепрвак во Лигата. Следната сезона, Александар ја продолжил соработката со Кожув.[9] Во август 2014 година, Александар станал играч на Куманово 2009.[10][11][12] Таа сезона, Штерјов повторно станал вицепрвак во Првенството. За сезоната 2015/16, Штерјов повторно потпишал за Кожув.[13][14] Следната сезона, Штерјов продолжил во гевгелискиот клуб.[15] Во сезоната 2017/18, Александар повторно заиграл за Куманово.[16] За сезоната 2018/19, Штерјов се преселил во редовите на Кожув по третпат.[17][18] Штерјов ја променил средината и потпишал за АВ Охрид за сезоната 2019/20.[19][20] Но пред самиот почеток на сезоната, откако АВ Охрид најавил распаѓање на клубот, Штерјов се преселил во Гостивар.[21][22] За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал едногодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[23][24] ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Успеси
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia