Планетата не се наоѓа во животопогодниот појас бидејќи кружи мошне блиску до матичната ѕвезда (оддалечена само 0,04 ае) и навршува еден круг на секои 3,236 дена.[1] Има маса барем 1,13 пати поголема од онаа на Земјата; моментално е позната само долната граница поради отсуството на сознанија за нејзиниот орбитален наклон.[1] Површината на планетата има температура од барем 1200 °C (~1500 K),[3][4] што е преврело за да има течна вода, но и над температурата на топење на многу силикатнимагми. За споредба, површината на Венера (најврела планета во сончевиот Систем) има температура од 462 °C (735 K).
По испитувањата на астросеизимичките и хромосферските активности и ѕвезденото вртење на ѕвездите A и B, утврдено е дека системот α Cen веројатно е малку постар од Сончевиот Систем (4,5-7 милијарди години).[5]
Пронаоѓање
Во 2009, со сметачка симулација е востановено дека е можно присуството на планета на растојание од 1,1 ае (160 милиони км) од Алфа Кентаур B, и дека нејзината орбита ќе одржи стабилност уште барем 250 милиони години.[6]
Во 2009,[7] екипа од европски астрономи,[2][3] почнала да работи со пребарувачот на планети HARPS во опсерваторијата Ла Сиља (Чиле), користејќи се со Доплеровиот метод.[8] На 16 октомври2012 г. научниците соопштиле дека пронашле планета со земска маса во обритата околу Алфа Кентаур B.[2] Гравитацијата на планетата предизвикува нишања кај ѕвездата со величина од 51 сантиметри во секунда; утврдувањето на присуството на планетата претставува најголемо достигнување во прецизноста добиено со овој метод.[2]
↑E. E. Mamajek; L. A. Hillenbrand (2008). „Improved Age Estimation for Solar-Type Dwarfs Using Activity-Rotation Diagnostics“. Astrophysical Journal. 687 (2): 1264. arXiv:0807.1686. Bibcode:2008ApJ...687.1264M. doi:10.1086/591785.Age discussion on page 1284