Алјаски Венец
Алјаски Венец (англиски: Alaska Range) — планински венец во јужноцентралната област на Алјаска, САД. Се протега во должина од 650 км, од езерото Кларк на југозападниот крај до Белата Река во канадската територија Јукон на југоисток. Највисока планина во венецот е Денали (6.190 м)[1][2] — највисока во целата Северна Америка. Венецот е дел од Кордиљерите и претставува највисок венец во светот вон Азија и Андите. Опис и историја![]() Венецот образува лак во правец исток-запад со најсеверниот дел во средина; оттаму оди на југозапад кон Алјаскиот Полуостров и Алеутите, па кон југоисток во Крајбрежните Венци крај Тихиот Океан. Планините имаат улога на висока пречка за воздушниот тек од Алјаскиот Залив кон север и затоа се вбројува меѓу местата со најсурови временски прилики во светот. The heavy snowfall also contributes низа големи ледници како Кенвел, Кастнер, Блек Репидс, Саситна, Јанерт, Малдро, Елдриџ, Рут, Токоситна и Кахилтна. Венецот го пресекуваат четири поголеми реки: Делта и Ненана во средишниот дел и Набесна и Чисана во источниот. Венецот е дел од Тихоокеанскиот Огнен Прстен и Деналискиот Расед кои минуваат по неговата јужна граница и предизвикуваат земјотреси. На североисточниот крај на Алеутскиот Вулкански Лак е сместен познатиот стратовулкан Спур, кој има две ждрела — планинскиот врв и блискиот Крејтер Пик. Делови од венецот се заштитени како дел од националните паркови Врангел-Свети Илија, Денали и Лејк Кларк. Автопатот „Џорџ Паркс“ од Енкориџ до Фербенкс, автопатот „Ричардсон“ од Валдиз до Фербенкс и потегот „Ток“ од јазолот Галкана до Ток минуваат низ неговите падини. Алјаскиот нафтовод („Трансалјаска“) се протега напоредно на автопатот „Ричардсон“. Поважни врвови![]()
Подвенци (од запад кон исток)![]()
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia