Департманот се наоѓа во регионот Источен Парагвај. На север департманот се граничи со Бразил, на југ со департманот Каниндеју, на исток со Бразил и на запад со департманите Консепсион и Сан Педро. Просечната температура во департманот е 21 степен. Во лето температурата достигнува 35 степени, а во зима паѓа до -1 степен.