Андон ГрковАндон Грков, познат и како Даскал Андон ( во Сачишта, Костурско — 1878 во Ваташа) — македонски просветен работник и учител, доселен во Ваташа.[1] Животопис![]() Неговиот татко Мишо заедно со целото семејство поради теророт на познатиот албански насилник Али Паша Јанински се преселиле во Ваташа. Своите први чекори во образованието Андон ги направил во Ваташа, а негов прв учител бил Даскал Камче. Набргу и самиот станал учител во Ваташа, Кавадарци и Неготино каде учителствувал бил познат како Даскал Андон.[1] По заминување во Битола на синот на Даскал Камче, Димитар Поп Ангелов, учителот Андон повторно се вратил во Ваташа, каде како учител работи скоро 45 години. За време на неговото учителствување е заслужен за изградба на големото ваташко училиште, бездруго најголемата училишна зграда во тој период во Македонија. Како учител се служел со старите училишни методи, а дисциплината ја спроведувал со помош на „фалагата“ и останатите строги дисциплински санкции спрема учениците.[1] Во ова училиште учителствувале во тоа време најдобрите македонски учители, како Арсени Костенце, Андон Грков, Алексие Поп Стефанов, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Туше Дели Иванов, Ѓорѓи Милетич и други.[2] Во 1864 година учителот Андон бил заменет од страна на учителот Андон Костенцев од Штип. Андон умрел во Ваташа во 1878 година, како еден од првите и најпочитувани ваташки учители.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia