Востановена е во чест на големиот македонски и балкански градител од 19 век, Андреја Дамјанов[1]. Се доделува од 28 декември1989 година, кога академикот Крум Томовски, свечено бил прогласен за прв лауреат[1]. Наградата ја доделува доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Наградата се состои од плакетата и статуетка со ликот на Андреја Дамјанов[2]. Оценувањето на кандидатите за добитници на наградата ја врши оценувачка комисија составена од претседател и неколку членови. Комисијата на наградата објавува јавен повик на кој треба да се пријавата можните добитници. Може да конкурираат само државјаните на Македонија, дедека право на поднесување на предлози имаат само членовите на ААМ[3]. Добитникот на наградата автоматски станува редовен член на Архитектонска академија на ААМ. Од почетокот па во наредните 15 години, наградата се доделувала во велешката црква „Св. Пантелејмон“ (која е дело на Дамјанов), но од 2005 се доделува и во други цркви или објекти на големиот неимар[4].
↑„Борис Чипан“. Енциклопедија на културното наследство на Струга. Посетено на 2009-12-27.
↑Aleksoska, Daniela; Zlatkovska, Marija; Stevo, Temelkovski (1999). Ten Lauréats of the Andreja Damjanov Award. University of Skopje, Architecture: Bigoss. стр. 12. ISBN9989-44-007-7.