Анка ВучковаАнка Тимова Вучкова ( 1922 во Струмица) — учесник во НОВ на Македонија и носител на Орден заслуга за народ III ред и Медал за храброст.[1] Животопис![]() Во редовите на напредната младина била уште од кралството Југославија, а со oкyпaциjaтa на земјата од првите денови учествувала во НОД. Била член на СКОЈ од јуни 1941 година и работела на омасовување на организацијата. Собирала народна пoмoш, пренесувала илегален материјал и слично. Учествувала во сите демонстрации организирани од Партијата во градот. Посебно се истакнала во собирање на оружје и санитетски материјал. Во нејзиниот дом се одржувале состаноци на Месниот Комитет на КПМ - Струмица, како и на Воениот комитет. Во август 1942 година била затворена од бугарската полиција и префрлена во Скопскиот централен затвор, но бидејќи немало конкретни докази против неа, била ослободена. Наскоро била интернирана во Свиленград, Бугарија, но по два месеци избегала од интернација и стапила во Тиквешкиот партизански одред. Носител е на Орден заслуга за народ III ред број 23542 и на Медал за храброст.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia