Антон Бернолак
![]() Антон Бернолак (словачки: Anton Bernolák; 3 октомври 1762 — 15 јануари 1813) — словачки јазичар и католички свештеник и создавач на првиот стандард за словачкиот јазик. ЖивотБил роден во ниско благородно семејство во областа Орава. Учел гимназија во Ружомберок во периодот 1774-78, а подоцна во Трнава и во Виена, а дипломирал на теологија на општата богословија во Пресбург во 1787 година. Во истата година го кодифицирал првиот стандард за словачкиот јазик, кој бил заснован на западнословачките дијалекти говорени околу Трнава, со некои елементи од средишните дијалекти. Јазикот, наречен „бернолаковчина“ (bernolákovčina), не бил прифатен како национален стандарден јазик, иако бил пресвртница во создавањето на современата словачка држава. Од 1787 до 1791 година бил ѓакон во Бернолаково, од 1791 до 1797 година секретар во архиепископијата во Трнава и од 1797 година до својата смрт во 1813 година, свештеник во Нове Замки. Неговиот јазик бил основа за активностите на „Словачкото образовно братство“ (Slovenské učené tovarišstvo), основано во 1792 година во Трнава и исто така за движењето на следбениците на Бернолак, кое траеле три генерации. Дела
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia