Анѓеле Петрески
Анѓеле Дејанов Петрески ( 1922 во Ехлоец — 1945 во Независна Држава Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ![]() ЖивотописБидејќи немал услови да се школува, почнал да се занимава со земјоделие, а потоа заминал на печалба во Белград. Уште како печалбар се определил за борба против фашистичкиот окупатор и кога се вратил во своето родно село, почнал да работи за народно ослободителното движење. Во есента 1944 година, тој стапил во Осумнаесеттата дополнска бригада, а потоа бил распореден во Првата македонска бригада. Со Бригадата, тој учествувал во борбите за ослободувањето на: Охрид, Кичево и Гостивар, а потоа заминал на Сремскиот Фронт, каде при еден пробој загинал во борба против Германците, во април 1945 година.[1] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia